понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 1

Веб-портал за поддршка на бизнисот во општина Аеродром

Преку порталот претпријатијата можат да ги промовираат своите производи, но и сопствените брендови, акции, вработени во фирмите или успешни приказни.

Веб-портал за поддршка на бизнисот во општина Аеродром

Веб-портал за поддршка на бизнисот во општина Аеродром

Поврзани вести

Општина Аеродром изработи веб-портал за поддршка на бизнис-секторот (http://mspaerodrom.mk), на кој фирмите и невладините организации од оваа локална самоуправа ќе можат бесплатно да се промовираат и да добиваат сервисни информации.

Преку порталот претпријатијата можат да ги промовираат своите производи, но и сопствените брендови, акции, вработени во фирмите или успешни приказни.

Општина Аеродром преку овој портал ќе врши дневна промоција на фирми кои егзистираат на нејзината територија. Фирмите што сакаат да обезбедат бесплатна реклама треба да се регистрираат на порталот, да ги контактираат лицата одредени за соработка и да обезбедат материјал. Секоја фирма, која ќе достави материјал, ќе биде објавена на порталот. Единствен критериум што фирмата треба да го исполнува за да обезбеди бесплатна реклама на порталот е да биде регистрирана на територијата на општина Аеродром. Рекламирањето ќе се врши на принцип прв пристигнат-прв објавен.

Најчитани вести