Вебер: Се е поголема поддршката за Јункер да биде претседател на ЕК

Претставниците на главните политички групи во Европскиот парламент (ЕП) денеска ја потврдија поддршката за кандидатурата на Жан Клод Јункер за претседател на Европската Комисија (ЕК).

„Се е поголема поддршката за Јункер на сите нивоа. Имаме многу јасна порака, ако ја избереме другата опција ќе дојде до институционална криза“, изјави Манфред Вебер, новиот лидер на Европската народна партија, која остана најголема политичка група во ЕП.

Претседателот на групата социјалисти во ЕП, Ханес Свобода повтори дека во име на основниот принцип на демократија, лидерите мораат да ги успочитуваат резултатите и да му пружат шанса на Јункер.

Некои европски лидери, во прв ред британскиот премиер Дејвид Камерун, се против на именувањето на Јункер на чело со ЕК, бидејќи е човек со минато и премногу федералистички настроен.

„Велика Британија е само една од државите-членки меѓу 28-те кои имаат право на вето за именување на претседателот на Комисијата“, додаде Вебер.

Ромпуј оваа недела ќе разговара со преставниците на главните политички групи во ЕП, а потоа ќе има состанок со европските лидери. Вклучувајќи ја и канцеларката Ангела Меркел, која пред два дена изјави дека ја поддржува кандидатурата на Јункер.