„Вечер“: Кој и за што му ги дал прислушуваните разговори на Зоран Божиновски?!

Зоран Божиновски, човек кој себе се наречуваше новинар, а кој со години, како што бизнисмените признаа на суд, се занимава со рекет и уцени ги добил прислушуваните разговори од СДСМ во времето кога беше во бегство во Србија, како обвинет во аферата „Шпион“.

Како што пишува весникот „Вечер“ Божиновски прислушуваните разговори ги добил на два начина: дел му биле доставени преку интернет, дел лично на рака од високиот полициски функционер Јовче Ременски (сопруг на Фросина Ременска) и кадар на техничкиот министер Оливер Спасовски пишува Вечер.

Во неговото апсење и екстрадиција учествувале српската полиција и германската БНД, во чиј посед се наоѓаат материјалите кои ги имал Зоран Божиновски.

Кој му ги достави прислушуваните телефонски материјалите на Зоран Божиновски во Србија? Дали ги добил лично или по интернет? Кој го посетувал во Белград и со кого комуницирал додека беше во бегство?

Зоран Божиновски пред извесно време сам, преку статус на ФБ, призна дека ги поседува прислушуваните разговори и докази за наводни криминали и трансфер на пари, кои му биле доставени од некои лица, кои немаат врска со ексдиректорот на Агенцијата за спречување перење пари Ване Цветанов, исто така обвинет во аферата „Шпион“. Дел му се доставени преку интернет, но дел лично на рака.

Кој му ги доставил на Божиновски прислушуваните разговори?

Вечер прв дознава дека сопругот на Фросина Ременски, Јовче е човекот кој лично му ги доставил прислушуваните разговори на Зоран Божиновски на хард диск. Јовче со автомобил преку г.п. Табановце влегол во Србија и имал состанок со Божиновски. Тој е последен во низата луѓе од СДСМ кои со обвинетиот шпион имал состаноци, најчесто во Врање, но и во Белград. Јовче Ременски е познат како сопруг на министерката на СДСМ Фросина Ременска, човек кој техничкиот министер Оливер Спасовски го унапреди 4 скалила во хиерархијата на МВР без никаков оглас и без никакви квалификации.

Според дел од материјалите до кои дојде Медиа Груп, постојат докази и фотографии за средби на Зоран Божиновски со Зоран Заев, во една кафетерија на Нов Белград. Последната се случила во екот на објавувањето на „бомбите“ на СДСМ во 2015 година.

Нашите извори велат дека точни се тврдењата на Божиновски дека имал политичка заштита од Социјалистичката партија на Ивица Дачиќ, кој во времето на откривање на аферата „Шпион“ и потоа, беше министер на српската полиција и всушност одби да го испорача Божиновски во Македонија. Божиновски на социјалистите им ги предал материјалите со кои располагал во замена да не го екстрадираат.

Затоа, на два дена пред изборите во Србија, на 22-ри април, тој беше уапсен и екстрадиран во земјава, кога беше јасно дека социјалистите немаат никакво влијание во полицијата и ја губат политичката моќ во владата на Србија.

Медиа Груп ексклузивно дознава дека во неговото апсење и екстрадиција учествувале српската полиција и германската БНД, која се вклучила во целиот случај по сознанието дека високиот полициски функционер од македонската полиција Јовче Ременски, лично му ги доставил прислушуваните разговори на Божиновски во Србија, и по средбите со Зоран Заев во Белград.

Имено, Зоран Божиновски имал проблем да ги отвори на својот компјутер прислушуваните материјали и наводните докази за криминал кои преку интернет му ги испратиле лица од СДСМ. Нашите извори наведуваат дека побарал помош некој да дојде и да му ги отвори фајловите. Во моментот кога српската полиција ја пресретнала оваа информација, испратила свои луѓе на помош и ги симнала материјалите за себе. Подоцна истите материјали се предадени на пријателската служба БНД. По увидот во истите, договорено е целата операција на негово апсење и екстрадиција да се изведе заеднички.

Со години рекетира и уценува со лаги, конструкции, но и прислушувани разговори

Минчо Јорданов, Трифун Костовски и неговиот син Коста во своите искази во текот на судскиот процес за скандалот „Шпион“ во детали објаснуваа како биле уценувани од Зоран Божиновски, кој им барал пари за да не објавува наводни афери поврзани со нив. Тој константно вршел притисоци испраќајќи електронски и СМС-пораки со закани дека ќе ги објави наводните афери на неговиот портал Буревесник и во печатени медиуми.

Минчо Јорданов објасни дека Божиновски му се заканувал дека ќе објави приказни за наводна вмешаност на „Ремедика“ во трговија со органи, на членови на неговото семејство во трговија со дрога и на сомнителни трансакции. Јорданов напомена дека тој претходно го имал ангажирано Божиновски за прибирање информации поврзани со бизнис-зделки, за што му исплаќал меѓу 5 и 6.000 евра месечно. Пораката која ја испраќал Божиновски била да се сретне со еден од обвинетите, Миќо Насковски, да разговараат и да му ја исплати бараната сума пари која тие сметале дека треба да ја добие затоа што бил отпуштен.

Трифун Костовски, пак изјави дека и тој, како и Јорданов, му помагал на Божиновски, го поставил во Ракометната федерација на Македонија, го спонзорирал женскиот ракометен клуб од Куманово, а пријателството се растурило бидејќи Божиновски не бил задоволен од сместувањето на Светското првенство во ракомет во Русија, каде што отпатувал на сметка на Федерацијата. Божиновски се заканувал со објавување на наводни афери за наместени натпревари на фудбалскиот клуб Работнички и ниски обвинувања за злоупотреба на ракометарките во Кометал Ѓорче Петров. Истото го кажа и неговиот син Коста Костовски.

Што објавуваше на ФБ додека беше во бегство

Божиновски стои и зад објавувањето на голем број снимки кои потекнуваат од нелегалното прислушување. Тој кон крајот на февруари и во март годинава објави приватни разговори на членови на раководството на ДУИ, но и на новинари и уредници на електронски и пишани медиуми.

Според извори во истрагата, снимките му се дадени од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, преку неговите соработници Захир Беќири-Чауш, Зоран Верушевски и Љупчо Палевски.

Според извори на „Вечер“, сите прислушувани разговори кои му биле дадени тој ги доставил и до српските безбедносни служби во надеж дека со тоа ќе купи време и поени и нема да биде екстрадиран во Македонија.

Според неофицијални информации од српското МВР при претресот во неговиот стан во Нови Сад биле најдени околу две илјади снимки од нелегално прислушувани разговори на членови на раководството на ДУИ и уште петстотини разговори на истакнати членови на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.