„Вечер“: Листата на желби на СДСМ се проширува

„Вечер“: Листата на желби на СДСМ се проширува
„Вечер“: Листата на желби на СДСМ се проширува

Претставниците на четирите најголеми политички партии вечерва ги продолжуваат празговорите за изборот, функционирањето и надлежностите на Специјалниот јавен обвинител. Дијалогот го олеснува Џејмс Хамилтон, поранешен ирски обвинител, европски експерт во борбата со корупцијата и соработник во подготовката на извештајот на Прибе.

Според досегашниот тек на преговорите, се поизвесно е дека специјалниот јавен обвинител ќе биде најголемиот камен на сопнување меѓу партиите и дека опозицијата уште еднаш ќе направи обид да постави нови барања, и да го пролонгира рокот за избор на специјалниот обвинител. Ова е уште еден доказ дека СДСМ како и претходно, ќе се обиде да го избегне она на што веќе ставиле потпис, и ќе работи на тоа да ги уништи разговорите. Откако не ги испочитуваа договорените работи од 2 јуни (на кои сведоци беа и странците), нивниот лидер Зоран Заев, познат по дебело криминално досие и желба за доаѓање на власт без избори, стави потпис на Договорот од Пржино, поточно договореното на 15 јули, и продолжи да го бара невозможното, пишува „Вечер

Јавниот обвинител треба да е државјанин на Република Македонија, активно да го владее македонскиот јазик, да е работоспособен и да има општа здравствена способност, да има стекнато универзитетска диплома за дипломиран правник во Република Македонија или нострифицирана диплома од странство и да има положено правосуден испит во Република Македонија.

Според експертите, целосно е исклучена можноста сцецијалниот обвинител да биде странец
Според експертите, целосно е исклучена можноста сцецијалниот обвинител да биде странец

Со ова, според експертите, целосно е исклучена можноста сцецијалниот обвинител да биде странец. Она што јасно го пишува во законот, целосно се коси со она што СДСМ го бара во преговорите за спроведување на договорот од Пржино. Средбата која беше предвидено да започне доцна вечерта, се очекуваше да заврши со жестока дебата помеѓу политичките партии. Извори од преговорите уште пред почетокот на вчерашната средба брифираа дека СДСМ веќе предложила кандидат за специјален обвинител дека инсистира на негов избор, без оглед на ставовите на другите партии вклучени во преговорите. Истите извори тврдат дека тие поставуваат нови и нови услови, и дека ќе се обидат да го пролонгираат рокот за избор на специјален обвинител. Медијатор во оваа рунда од разговорите е Џејмс Хамилтон.

До 15 септември 2015 ќе има нов специјален јавен обвинител со целосна автономија да води истраги што се во врска и што произлегуваат од прислушувањето на комуникациите – токму оваа одредба, со која на 15-ти јули беше комплетирана точката 6 од Договорот од 2 јуни, се смета за една од најважните постигнати на лидерската средба. Но според досегашниот тек на преговорите, се поизвесно е дека специјалниот јавен обвинител ќе биде најголемиот камен на сопнување меѓу партиите и дека опозицијата уште еднаш ќе направи обид да постави нови барања, и да го пролонгира рокот за избор на специјалниот обвинител. Ова е уште еден доказ дека СДСМ како и претходно, ќе се обиде да го избегне она на што веќе ставиле потпис, и ќе работи на тоа да ги уништи разговорите.

Тие сакаат: преземање на Судскиот совет, на Врховниот суд, на Обвинителството, на Агенцијата за медиуми, на УЈП, на Заводот за ревизија, контрола врз приватни медиуми,  што е обид на Заев со соросоидите да постави комплетна власт во државата без победа на избори, спротивно на Уставот, и независноста на судските и медиумските институции., пишува „Вечер“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.