„Вечер“: Македонски хомосексуален сајт демне малолетници на Фејсбук

Најмладите Македонци на возраст од 13 години се таргет на македонски сајт за хомосексуална едукација и вести. Преку плаќање на реклами на Фејсбук, овој веб-сајт им се наметнува и малолетници кои се уште се немаат запишано ни во средно училиште. Финансиер на queer.mk е Американската амбасада која пак се оградува од она што излегува на сајтот.

13-годишници се таргет-група на македонскиот сајт за информирање на ЛГБТ заедницата, queer.mk. Овој веб-сајт, кој објавува вести за активностите на лезбијките, хомосексуалците, бисексуалците и трансвеститите ширум светот, на својата фејсбук-група плаќа реклами за тоа нивните вести да им излегуваат на почетните страници на 13-годишни деца, пишува „Вечер“.

455097-makedonski-homoseksualen-sajt-demne-maloletnici-na-fejsbuk

– Вие ја гледате оваа реклама затоа што queer.mk сака да им пристапи на луѓето кои се над 13 години и живеат или скоро биле во Македонија – стои во објаснувањето од Фејсбук кога ќе кликнете на прашањето: Зошто на вашата почетна страница се појавуваат токму вакви, хомосексуални информации?

Ако кликнете на било која од овие реклами кои им се појавуваат на малолетниците, ќе бидете пренасочени кон веб-страницата queer.mk, каде што има информации, совети и уште многу други работи поврзани со хомосексуалците. Што всушност претставува и своевидна пропаганда за најмладите, кои се таргет-група, односно – ги навлекуваат.

455096-makedonski-homoseksualen-sajt-demne-maloletnici-na-fejsbuk

Сопственици на сајтот се 2 невладини организации, Квир Македонија и Женска Алијанса – Скопје, а тие во нивниот импресум навеле дека нивен финансиер е Американската амбасада во Скопје.

– Содржините на сајтот се од информативен и едукативен карактер, наменети за подигнување на јавната свест за човековите права и слободи на сите граѓани, особено ЛГБТК. Темите во публикацијата се од интерес како за ЛГБТИК заедницата, така и за пошироката публика – стои во описот на сајтот.

455098-makedonski-homoseksualen-sajt-demne-maloletnici-na-fejsbuk

Од сајтот не ни кријат дека нивна цел е да пристапуваат и да поттикнуваат комуникација помеѓу ЛГБТ луѓето, значи малолетни тинејџери кои им се таргет-група.

– Некои од активностите на нашата редакција се медиумски активизам, информирање за сите релевантни аспекти од животот на ЛГБТИК заедницата, поттикнување на ЛГБТИК луѓето и организациите на отворена комуникација за своите вредносни ставови и животни стилови, како и јакнење на нивната самодоверба и самопочитување – додаваат од queer.mk.

Во описот стои дека главен и одговорен уредник на сајтот е извесен Петар Стојаковиќ, а менаџер е Гордана Трпчевска. Сајтот на хомосексуалците има и видеоснимател и монтажер кој се вика Борис Каески, како и двајца волонтери.

Граѓаните на социјалните мрежи го искажуваат своето незадоволство од тоа што вакви сајтови му плаќаат на Фејсбук за да се појавуваат и да ги заведуваат нивните деца.

455099-makedonski-homoseksualen-sajt-demne-maloletnici-na-fejsbuk

– Гнасна пропаганда, Содома и Гомора. Кој ги спонзорира овие ЛГБТ сајтови? Полни со хомосексуални вести, сајтови кои спонзорирано се шират и тоа погледнете таргет од 13 години па нагоре? – прашува еден од загрижените граѓани.

Дали овој сајт има други финансиери освен наведената Американска амбасада, сопствениците не откриваат јавно. Но, иако им дава пари за да промовираат хомосексуализам кај тинејџери, амбасадата на САД се оградува од она што излегува на queer.mk.

– Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата, и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот (ите)/авторот (ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД – стои во објаснувањето од Амбасадата.

Трамп и Пенс мислат поинаку од Обама- овој вид кампањи не се на линија на промените кои се случија во САД

Прашањето кое се поставува во јавноста е дали деца од 13 год треба да бидат цел на платени реклами за нивната сексуалност? Како би реагирале политичарите и граѓаните во САД кога некоја друга земја од својот државен буџет би плаќала пораки и кампањи за сексуалноста на 13-годишни деца?

Останува нејасно дали овој проект на американската амбасада е спроведен преку фондацијата Сорос во Македонија, особено ако се земат во предвид последните промени во Вашингтон и најавите од новиот претседател Доналд Трамп дека “САД нема да го наметнува својот начин на живот на други”.

Администрацијата на Обама воведе трансродови тоалети, како и можност стари мажи да одат во тоалети и тушеви за девојчиња, ако тие тој ден се “чувствуваат” како зени. Сепак новата администрација предводена од Доналд Трамп и Мајк Пенс мислат поинаку.  Овој вид на кампањи не се на линија на промените кои се слуција во Вашингтон.

Вакви реклами и кампањи за сексуализација на 13-годишни деца се навистина неприфатливи, особено ако се финансираат од државен буџет на друга држава. Мислењето на граѓаните е дека ако било која земја смета дека тоа е добро за нивните деца, нека го прават тоа за себе, за своите деца, а не во други земји кои имаат поинакви околности, култура, начин на живеење.

Тие нагласуваат дека во ред е толеранцијата, во ред е почитувањето на разлилноста и во ред е инклузивноста, но не е во ред деца од 13 години да бидат цел на кампањи и психолошки пораки со кои ги сексуализираат од најрана возраст. Ги прашал ли некој родителите за ова? Каде се тука правата на родителите да бидат консултирани за пораките до нивните деца?

Станува збор за системска кампања на Сорос во Македонија, чии медиуми имаа објави и текстови со наслов “Најдобрите ЛГБТ книги за деца”, наменети за возраст од 5 години.