Вечер на турска гастрономија во Скопје

Готвачи од Македонија и Турција денеска заедно подготвуваат традиционални специјалитети за Вчерата на турска гатрономија што ќе се одржи вечер во Скопје, во рамки на проектот „Македонија домаќин на елитата на турската гастрономија и угостителство.

На вечерата ќе биде послужени јадења од традиционалната и модерната турска кујна, а ќе има и шведска маса со менито на Туркиш ерлајнс, кој се јавува како поддржувач на проектот. Храната е подготвена од готвачи од Турција, дел од Федерацијата на готвачи и шефови на Турција кои имаат добиено и повеќе награди. Меѓу нив е и Ведат Башаран, кој работи на отоманската кујна, а во текот на годините организирал кетеринг за многу државнички вечери и бил домаќин на на светки лидери како Џорџ Буш, Бил Клинтон, Герхард Шредер, Кондолиза Рајс, Константин Караманлис, Тони Блер…

Туркиш ерлајнс се вклучува во овој проект бидејќи првиот контакт со турската храна патниците ја имаат во авионите. Илкер Бајдар рече дека покрај овој поддржуваат повеќе вакви проекти. Туркиш Ерлјајнс има 14 лета неделно од Скопје кон Истанбул, а ја поврзува Турција со 111 држави.

Организаторите, Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје и тимот на Вкусот на традицијата, најавуваат дека оваа проектот е да стане традиција.

Целта на проекткот е да придонесе за подигнување на нивото на македонското угостителство преку користење примери и искуства од Турција, која е на врвот на светската карта во поглед на угостителството, кулинарството и туризмот.

Во рамки на проектот, гостите од Турција ќе посетат и хотели и ресторани во Струга, Охрид, Битола, Гостивар и Куманово.

Проектот е поддржан на Турската амбасада во РМ, Министерство за култура на РМ, Агенција за поддршка и промоција на туризмот на РМ, Центар за култура на Турција во РМ – Јунус Емре, МАТТО – Стопанска комора на Македонија – Турција и други деловни субјекти и институции од областа на културата угостителството и придружните дејности.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.