„Вечер“: Од оваа куќа се дила најскапиот гас за стотици илјади евра за пајташите од СДСМ

гас

Но, проверката во Централниот регистер покажува дека на семејна куќа е регистрирана една од најконтроверзните компании во Македонија, “Си-Ен-Џи“ системс, која е во сопственост на Митко Андреевски, кој е зет за ќерка на Станголеви во чиј дом е регистрирана фирмата.

“Вечер“ ја пронајде и ја фотографираше куќата во која на хартија е сместена фантомската фирма на претседателот на комисијата за енергетика Митко Андреевски, која за само 3 години свртила 2,5 милиони евра продавајќи гас на Јавното претпријатие “Струмица Гас“ од Струмица за цена 2 и пол пати повисока од пазарната.

Документите покажуваат и дека компанијата нема никаков капитал на свое име, ниту пак поседува канцеларии или опрема. Основач е сопругата на Андреевски, Билјана Станголева, која фирмата ја регистрирала во домот каде што израснала.

Доколку се погледнат финансиските извештаи на Си-ен-џи, кои исто така ги поседува “Вечер“, се доаѓа до заклучокот дека компанијата на партискиот пајташ на Заев, која нема вработени и имот, за 2 години, 2014 и 2015 има чист профит од 650.000 евра или 39.334.036 денари кои се пари добиени само од една компанија, јавното претпријатие Струмица Гас. Значи, за само 2 години, Андреевски во семејната куќа на фамилијата на неговата сопруга заработил 650.000 евра.

450601-od-ovaa-kukja-se-dila-najskapiot-gas-za-stotici-iljadi-evra-za-pajtashite-od-sdsm

Уште поскандалозно е тоа што компанијата има само еден вработен, токму сопственикот Митко Андреевски, па се поставува прашањето како компанија која има само еден вработен и еден клиент “ЈП Струмица Гас“ може да заработи толку многу пари освен со коруптивни зделки?

Во овој број Вечер објавува и фотодоказ, дека во компанијата има само еден вработен а тоа е токму Митко Андреевски што потврдува дека се работи за фантомска фирма која има една единствена цел – да извлекува пари од граѓаните на Струмица и без никаква услуга, само како трговска маржа некој да профитира милиони евра.]

450602-od-ovaa-kukja-se-dila-najskapiot-gas-za-stotici-iljadi-evra-za-pajtashite-od-sdsm

Се обидовме да стапиме и во комуникација со надлежните кои за случајот кој веќе подолго време во продолженија го објавува “Вечер# рекоа дека по празниците ќе го соопштат својот став.
Директор на “ЈП Струмица Гас# е Митко Китанов, исто така кадар на СДСМ, поставен од претседателот на партијата и градоначалник на Струмица, Зоран Заев. Китанов, неколку пати ги демантираше нашите пишувања без да демантира дека од фирмата Си-Ен-Џи набавува гас за цена 2 и пол пати повисока од пазарната. Од СДСМ до сега нема никаков демант и реакција за случајот во кој очигледно е вмешан нивниот претседател Зоран Заев и претседателот на нивната комисија за енергетика.

Еве како во семејната куќа на пајташот на Заев, се свртиле 2,5 милиони евра за 3 години!

На 16 ноември минатата година “Вечер# напиша дека Митко Андреевски преку продажбата на гас на Струмица гас, инкасирал негде околу 500 илјади евра, новите документи ни ги потврдуваат бројките кои тогаш беа само математичка претпоставка врз база на јавните набавки на Струмица гас. Сме промашиле за 150.000 евра, наместо нашите 500.000 излегува дека Андреевски инкасирал 650.000 евра.

Во 2016 година = 600.000 евра, во 2013 година = 1.920.000 евра, а во 2011 година = нема податоци. Ова се парите кои партиската фирма на СДСМ – Си-ен-џи системс ги добила од јавното претпријатие Струмица гас, како ексклузивен добавувач за гас за Струмица. “Вечер# дојде до овие податоци пребарувајќи преку сите достапни бази на податоци на интернет.
Интересно е што општина Струмица досега направила само 3 набавки на гас преку 3 тендери. Во сите три случаи, тендерот го добила фирмата на функционерот од Бихаќка. Без тендерот во 2011, за помалку од 3 години, фирмата на Андреевски, од сметката на општина Струмица инкасирала неверојатни 2,5 милиони евра, пари на граѓаните.

Директорот на Струмица Гас, Зоран Китанов, потврди дека цената на гасот кој го набавуваат е над 24 мкд. Последните податоци од ЕЛЕМ покажуваат дека оваа државна компанија која набавува гас за греење на скопјани, за истата количина од метар кубен плаќа 13 денари, што покажува дека фирмата на функционерот на СДСМ прави чист ќар од 11 денари по метар кубен.

– Математиката вели преку последниот тендер вреден близу 37 милиони денари со цената од 13 денари по која ЕЛЕМ го купува гасот, фирмата на функционерот на СДСМ, Андреевски, можела да купи над 2,8 милиони кубни метри гас. Кога сите тие би им ги продала на струмичани, фирмата Си-ен-џи на Андреевски би остварила чист профит од над 500.000 евра, напиша “Вечер# во ноември.

Митко Андреевски бил осомничен и во случајот “Чуму“

Скандалот со Си-ен-џи и Струмица гас не е прв во кариерата на претседателот на комисијата за енергетика на СДСМ, Митко Андреевски. Имено, во време на СДСМ тој бил вработен во Министерството за одбрана каде што месечно, на службениот телефон трошел по 2.500 евра за да гласа во емисијата “Чуму“, која одеше на сега веќе затворената телевизија А1.

Против него тогаш се водеше и судски процес, а од министерството во кое бил ангажиран како советник, Андреевски беше санкциониран и со парична казна поради огромната сметка. Се работи за 2004 година, а како што покажа судењето, сегашниот пајташ на Заев тогаш од службениот телефон праќал СМС-пораки за да гласа во полза на територијалната поделба во дебатите во емисијата.