Вечер посветена на хероите во организација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Општинскиот комитет Гази Баба го одбележа 23-ти Октомври, Денот на Македонската револуционерна борба со „Вечер посветена на хероите’’.

uz-3

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ оддава особена почит кон ликот и делото на сите оние кои го имаат положено својот живот за слободата на Македонија. Дваетес и трети Октомври, Денот на Македонската револуционерна борба треба да е ден за обединување на Македонскиот народ, ден на кој треба да се потсетиме за жртвата на големот број на Македонци кои го дадоа животот за остварувањето на вечниот идеал на македонскиот народ за сопствена држава, изјави Даниела Рангелова претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

uz-2

Вечерта посветена на хероите беше збогатена со голема културно – уметничка програма со изведба на песни за хероите од Ансамбл Македонија како и со монодрамата Султана и со настап на Културно уметничкото друштво Јонче Христовски.

uz-4

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија им го честита 23-ти Октомври, Денот на Македонската револуционерна борба.