Македонија

„Вечер“: Шилегов за специјален обвинител!

„Вечер“: Шилегов за специјален обвинител!

Специјалниот обвинител сепак мора да работи според закон, а тој закон треба допрва да се донесе и дефинира во Собранието. Ќе биде под надзор на домашната и европска јавност и институции, а не под команда на СДСМ и лично заинтересирани страни кои и самите се вплеткани во корупција како Заев, Шекеринска и Шилегов.

За да им ги оствари надежите и барањата на СДСМ, Собранието за јавен обвинител треба да го избере Петре Шилегов, а први соработници да му бидат Фрчкоски и Слаѓана Тасева. Тогаш, можеби, се ќе биде онака како што командуваат Шекеринска и Шилегов.

СДСМ сака да спроведе избори под нивна целосна контрола, без законска и политичка одговорност и со помош на дипломати да победи на тие избори. Патем, за да нема конкуренција, да се уапсат и затворат без судење Никола Груевски, Сашо Мијалков, уште седум-осум функционери од ВМРО-ДПМНЕ, како и затворање на низа медиуми и компании кои ја поддржувале партијата, заедно со директорите, уредниците и новинарите, пренесе „Вечер“.

Соросоидите, во соработка со концептот на фабриката за државни удари Канвас од Белград, сето тоа треба да го претстават како народна волја и влез во демократијата.

Ние, во сета оваа приказна, треба да молчиме, да трпиме и да се држиме на страна, среќни и задоволни што “демократијата на СДСМ” не чукнала и на наша врата, и што не сме ја почувствувале тупаницата од логото на СДСМ и плакатите и паролите на соросоидите. Планот е тој. Видлив, виден и прочитан. Еве ги фактите и доказите.

СДСМ се поразени на девет последователни избори, поразени и поразите легитимирани од меѓународната заедница (ОБСЕ-ОДИХР), Државната изборна комисија (ДИК) и пораз признаен од самиот СДСМ по пребројувањето на резултатите. Освен на последните избори, кога Зоран Заев дури откако изборите завршија, кажа дека истите – не ги признавале, пренесе „Вечер“.

Уште од 2004/2005 година, од референдумот против новата територијална поделба, и албанизацијата на Скопје, Куманово, Кичево и Струга која ја спроведе СДСМ во ВМРО-ДПМНЕ имаат поддршка од 430-500.000 гласачи. Константно, без оглед дали биле опозиција или сега кога се власт. СДСМ, за тоа време, успева да собере од 23-350.000 гласови, зависно од избори до избори, и најголема загуба има во делот на гласачи кои можеби и би гласале за нив, но воопшто не излегуваат на гласање затоа што СДСМ нема програма (константно, 10 години веќе) или нема соодветни нови и некорумпирани кадри.

Околу 60-80.000 гласачи им зема ВМРО-ДПМНЕ преку програмите за субвенции на земјоделците, бесплатно здравство и образование, значително поголемо вработување, повисоки пензии и акциите како откуп на градежно земјиште и легализација на дивоградби. Тие гласачи се трајно во гласачкиот камп на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи виделе лична корист од власта.

СДСМ нема одговор на ова. Точно 18 месеци, прво со Црвенковски, а сега и со Заев, тие се обидуваат со улична политика, насилства и уривање на институциите да ја интернационализираат македонската политика, да поттикнат и етнички немири, и да постигнат насилно уривање на власта и поставување соросоидни експерти како нова власт која најмалку две години ќе владее, ќе ја испразни државната каса во полза на лична заработка и за потреби на СДСМ, и ќе ги запре процесите на инвестиции, вработувања и социјални пакети за пензионери и земјоделци кои се гласачи на ВМРО-ДПМНЕ.

Иако беше видно дека силната мрежа на Сорос обезбеди вмешување на меѓународната заедница, заштита за Заев, Шекеринска и СДСМ од кривични и судски прогони кои се очекувани по нивните незаконски акции… После пет месеци силна кампања, меѓународната заедница виде и оцени дека СДСМ нема капацитет да биде нова власт во Македонија, особено не власт која би се стекнала со владеење преку сила. пренесе „Вечер“.

Затоа, од Брисел и Вашингтон ја запреа безусловната поддршка за СДСМ и соросоидите, и наредија – преговори. СДСМ одби избори за 2015 година, одби и други теми од преговорите но, соочени дека ја губат поддршката од надвор, потпишаа договор со кој навидум барем завршува политичката криза која СДСМ ја наметна.

Поразени на терен, без поддршка од јавноста, СДСМ беше приморан да се задоволи со утешен подарок од меѓународната заедница – еден министер во владата (Социјала и труд) и специјален јавен обвинител за случајот со прислушуваните материјали.

Специјалниот јавен обвинител има само една задача, и само еден мандат кој не е временски ограничен: да ги добие незаконски стекнатите прислушувани разговори со кои располагаат Заев и СДСМ, и гаранција од нив дека нема други и нема да има понатамошни објавувања на такви материјали (Договорено уште на 2 јуни, а потврдено со договорот од 15 јули 2015 година). Само тој мандат и овластувања, и ништо друго, пишува „Вечер“.

Сите материјали од прислушувањето, а според медиумите под контрола на СДСМ има над 20.000 разговори, обвинителот и неговите соработници треба да ги преслушаат, анализираат и утврдат каде има сомневања во незаконски дејствија.

Она што им се гледа сомнително потоа мора да биде проверено и верифицирано од стручна институција дали е автентично и оригинално.

Во исто време, треба да се земат изјави од сите учесници во разговорите за да се потврди автентичноста, и да се добијат детални информации за целите и контекстот на содржината од разговорите. Доколку, после се, се дефинира дека има сомнителни моменти во разговорите (кои сами по себе не се доказ за кривично дело) треба да се најдат материјални докази дека сомнителното што е зборувано по телефон навистина и постои, и дека е поврзано со конкретно и поткрепено со докази – кривично дело.

По ова, ако има основ, специјалниот обвинител поднесува предлог за обвинение до судот. А судот, на крај, одлучува дали обвинението е основано или не.

Но, согласно својот криминален карактер, СДСМ – особено Шекеринска, Заев и Шилегов не го признаваат специјалниот јавен обвинител со сите негови законски права и обврски, туку сакаат свој, партиски обвинител кој ќе работи по нивна нарачка, пишувавесникот.

А нарачките до се уште неизбраниот специјален јавен обвинител стасаа уште во првите неколку дена по договорот од 15 јули.

Шекеринска и Шилегов најавија дека специјалниот јавен обвинител треба, мора да поднесе кривични пријави и обвиненија против Груевски и соработниците уште пред Нова година, а да ги смести во затвор пред изборите!!! Нормално, за на тие избори СДСМ да се стекне со шанса, во некој случај, да победи. Поинаку, нов пораз им е сосема извесен.

Кога сме кај судења и затвори. За Зоран Заев веќе има две обвиненија и судски процеси – за случајот “Пуч” (рекет со прислушувани материјали) и корупција, поткуп од 200.000 евра од Заев баран од струмички бизнисмен. Плус, и најава за нова кривична по изјавата на друг бизнисмен дека му исплатил на Заев 35.000 евра поткуп. Кон ова и истрага за учество во корупција за Вице Заев, братот на Зоран Заев, кој бил задолжен за преземање на парите кои Заев ги барал за поткуп.
Се чека и разврска на истрагата за перење пари од страна на семејството на Шекеринска со фиктивни кирии, по што тие заработиле над 350.000 евра.

Заев изјавува дека не го признавал овој суд да му суди нему. На сите нас судот може да ни суди, но – на Зоран Заев – не може! Тој е исклучок од општеството и државата. Исклучок кој според сопствено признание за време на мандат на градоначалник стекнал семеен имот од 12 милиони евра. Плус куќа во Грција и пари кои не ги спомнува.

Истиот суд, за Заев и Шекеринска е легитимен ако постапува по кривични пријави и обвиненија на специјален обвинител против ВМРО, но не и ако постапува против Заев.

Специјалниот обвинител сепак мора да работи според закон, а тој закон треба допрва да се донесе и дефинира во собранието. Ќе биде под надзор на домашната и европска јавност и институции, а не под команда на СДСМ и лично заинтересирани страни кои и самите се вплеткани во корупција како Заев, Шекеринска и Шилегов, пишува весникот.

За да им ги оствари надежите и барањата на СДСМ, собранието за јавен обвинител треба да го избере Петре Шилегов, а први соработници да му бидат Фрчкоски и Слаѓана Тасева. Тогаш, можеби, се ќе биде онака како што командуваат Шекеринска и Шилегов.

Но, ако улицата политички решила еднаш, кој смее да тврди дека нема да реши и вторпат, овојпат со соодветен одговор од приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ не успеа да избега од изборите во април до година, ќе се соочи со јавноста на нив, а Брисел, Вашингтон како и специјалниот обвинител ќе си ја работат својата работа согласно закон и јавниот интерес на Македонија. А штом е нешто според закон и согласно јавен интерес, СДСМ пак останува без шанса, и со нов изборен пораз, заклучува „Вечер“.