Македонија

„Вечер“: Војската и полицијата ги затворија илегалните премини за бегалците

„Вечер“: Војската и полицијата ги затворија илегалните премини за бегалците

Акцискиот план ќе биде завршен во наредните 24 часа и во тој период веќе ќе се постават единиците на војската кои треба да го покријат потегот кај Гевгелија и Табановце. Со оваа мерка ќе се обезбеди подобра и поефикасна контрола при влезот на бегалците, похуман третман за нив и зголемена безбедност за локалното население. За два месеци низ нашата држава транзитирале над 41 илјада мигранти кои само МВР го чинеле 800 илјади евра. Македонски железници нема доволно ресурси да ги пренесе од Гевгелија до Табановце сите бегалци кои дневно влегуваат во Македонија, пишува „Вечер

Напливот на сириски бегалци и мигранти на границата кај Гевгелија чиј број од час во час се зголемува е причината поради која Владата донесе одлука да се прогласи кризна состојба на јужната и северната граница и на тој начин законски да се овозможи да интервенира и војската чии припадници ќе бидат распоредени во тој регион. Во последните два месеци низ Македонија транзитираа над 40 илјади мигранти и бегалци од Сирија, а според последните најави допрва треба да пристигне бран кој ќе брои околу 100 илјади луѓе. Нашата држава нема ниту средства ниту можности да ги згрижи овие луѓе, да им овозможи хуман третман и трансфер до северната граница со Србија.

Мигрантите и бегалците се уште ќе можат да влегуваат во Македонија, но легално
Мигрантите и бегалците се уште ќе можат да влегуваат во Македонија, но легално

Според владината одлука на јужната граница, поточно на потегот кај Гевгелија, покрај полицијата ќе се распореди и АРМ и нивна задача ќе биде да ги затворат сите илегални премини кои ги користат мигранти и бегалците и преку кои тие влегуваат во нашата држава. Мигрантите и бегалците се уште ќе можат да влегуваат во Македонија, но легално ако ја имаат потребната документација, или ако успеат да се протнат покрај засилените патроли. Со активирањето на војската, надлежните се убедени дека ќе се подобри ситуацијата и на локалното население како и нивната безбедност и ќе им се овозможи нормално функционирање. Заради големиот притисок на јужната граница и се поголемиот интензитет преку балканскиот мигрантски коридор, но и состојбата во глобални рамки беше проценето дека е потребно дополнително, зголемена, поефикасна контрола на граничниот појас каде се регистрирани масовни илегални преминувања од грчка страна.

МВР, АРМ и центарот за Управување со кризи (ЦУК) ќе го изготват акциониот план најдоцна за 24 часа за кога се очекува и да бидат распоредени единиците на АРМ. Главниот штаб од каде ќе се раководи операцијата ќе биде поставен во ЦУК.

Врховниот командант, претседателот Ѓорге Иванов, се уште не го добил предлогот на Владата, но тој веднаш ќе ја издаде наредбата за употреба на војската за справување со кризната состојба. Во моментов на граничниот појас кај Гевгелија се распоредени специјалните полициски единици кои ја држат ситуацијата под контрола. Вчераутро, мигрантите и бегалците кои беа на железничката станица кај Гевгелија беа испратени со воз за Табановце и потоа беа распоредени специјалните единици кои ги задржаа мигрантите во пограничниот појас, од страната на Грција и не им дозволија нелегално, одејќи по железничката пруга, да влезат во Македонија. Досега државата одвои 800 илјади евра само за да ги покрие секојдневните трошоци на МВР кое се обидува да се справи со растечкиот број на мигранти, а од Македонски железници соопштија дека веќе немаат ниту средства ниту ресурси да го продолжат секојдневниот транспорт на илјадниците мигранти од јужната до северната граница.

Сепак, засилената контрола на границата нема да го реши проблемот, особено откако Грција почна да ги празни камповите за бегалци на неколку острови и организирано да ги носи во Солун, а оттаму до граничниот појас кај Гевгелија. Тоа го знаат и во МВР од каде потенцираат дека херметички не може да се затвори ниту една граница во светот.

Ни ЕУ, ни  која било земја од светот понуди помош или евентуално решение за бегалците

Ни ЕУ, ни  која било земја од светот понуди помош или евентуално решение за бегалците
Ни ЕУ, ни која било земја од светот понуди помош или евентуално решение за бегалците

Досега ниту ЕУ ниту било која земја од светот понуди помош или евентуално решение за илјадниците бегалци кои секојдневно доаѓаат на јужната граница. Напротив, најзасегнатите, земјите-членки на Шенген-зоната, или градат ѕидови за заштита или пак поставуваат војска и полиција на границите за да ги спречат бегалците. Илјадниците бегалци од Сирија кои допрва ќе пристигнат во Грција, а потоа ќе продолжат за Македонија, многу лесно можат да се искористат како алатка за дестабилизација на регионот, предупредуваат безбедносните служби. Тие ќе ги преплават земјите низ кои минуваат, односно Грција, Македонија, Србија и Унгарија и ќе предизвикаат хуманитарна катастрофа бидејќи овие држави не се подготвени ниту пак имаат можности и средства да ги издржуваат. Последните информации со кои располагаат безбедносните служби во регионот се дека бегалците се насочуваат да одат преку Унгарија по секоја цена, без разлика дали таму се гради ѕид или не.

Процените на безбедносните служби се дека на турско-сириската граница во моментов има преку еден и пол милион бегалци кои секојдневно мигрираат во повеќе правци и кон повеќе центри во приморскиот дел на југот од Турција и во моментов многу работи зависат од воената интервенција на Турција и офанзивата насочена против силите на ИД во Сирија. Токму од тој регион потекнуваат најголемиот број на сириски бегалци кои побегнале поради теророт на ИД или нападите на силите на претседателот Асад. Доколку турската војска ги порази силите на ИД и ги протера од регионот можно е голем број од бегалците да се вратат во своите краишта. Безбедносниот ризик кој го носат мигрантите, односно опасноста од трансфер на џихадисти сокриени меѓу илјадниците бегалци е присутна и реална, а се почести се најавите за терористички напади во Македонија, Србија, Косово, БиХ и Црна Гора. Според официјалните податоци на МВР во  последните 24 часа во нашата држава влегле мигранти, а од 19 јуни кога беа донесе измените во Законот за азил таа брајот е лица. Најголем број од нив се бегалци од Сирија. Досега 47 мигранти побарале азил во нашата држава, пишува весникот „Вечер“.