Вечерна богослужба во манастирот „Пресвета Богородица“ на Матка

Вечерна богослужба во манастирот „Пресвета Богородица“ на Матка
Вечерна богослужба во манастирот „Пресвета Богородица“ на Матка

По повод одбележувањето на православниот празник Успение на Пресвета Богородица кај народот познат како Голема Богородица, во манастирот на Матка, утре ќе се одржи вечерна богослужба, Духовна академија и полноќно бдеење.

Четврта година по ред ден пред празникот во манастирот се одржува Духовна академија.
Четврта година по ред ден пред празникот во манастирот се одржува Духовна академија.

Четврта година по ред ден пред празникот во манастирот се одржува Духовна академија. Предвидено е црковно пеење и читање псалми.

На денот на празникот 28 август, во 9 часот во манастирот ќе се одржи Света Божествена Литургија со која ќе чиноначалствува поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г Стефан.

Одбележувањето ќе биде збогатено и со културно-забавна програма. Традиционално во манастирот на празникот по богослужбата се одржува крводарителска акција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.