Јанковиќ за „Вечерни новости“: Има надеж за Македонците

Упорноста на македонскиот народ и истражувањето на јавното мислење кое покажува пад на популарноста на партијата на Зоран Заев кој е спремен да направи компромис врз основа на „Тиранската платформа“, зборува дека има надеж за Македонија и Македонците. ЕУ не покажува единствен став за кризата во Македонија, а колку повеќе времето поминува, толку повеќе е помал просторот за создавање на некаква си гнила коалиција на власт која ја заговараат партијата на Зоран Заев заедно со албанските партии, пишува за Вечерни Новости, Слободан Јанковиќ од Институтот за меѓународна политика и економија.

Роковите за формирање на влада и распишување на локални избори во Македонија се поминати. Кризата која трае од јануари оваа година не се решава и покрај многубројните залагања на американската амбасада и бројните претставници на  ЕУ, во Македонија да се избере влада која би делувала против интереси Македонија и Македонците, а која би ги исполнувала желбите на оние кои ја спроведуваат големоалбанската стратегија.

Пред и за време на распадот на СФРЈ бројни странски претставници, меѓу кои и неизбежниот Карл Билт ги нудеа своите „добри“  услуги со веќе познат резултат. Истите тие повторно ги опседнаа Белград и Подгорица и после 2000 година се со цел Сојузна Република Југославија да ја направат подемократска и подобра, па така со нивните совети државата во 2003 година од федерација се трансформира во конфедерација, односно Државна заедница на Србија и Црна Гора. Со асистенција на ЕУ службениците и таа конфедерација дефинитивно пропадна во 2006 година.

Сега од истите тие кругови на Македонија и се нудат „добри“ услуги за надминување на политичката криза. Карл Билт која својата меѓународна кариера ја направи помагајќи во распадот на балканските држави се обидува да продолжи со својот имиџ на „Гробар“.

Билт во јануари предупредуваше дека на Балканот може да избијат војни доколку не се продолжи со политиката на прием на балканските земји во ЕУ.

На ЕУ самитот во март оваа година беше потврден овој негов став. Тој на својот „Твитер“ налог премногу лесно бараше демонстрација на сила на ЕУ на Балканот. Навикнат е неговите ставови да бидат прифатени, сепак тоа не му успеа во Македонија бидејќи Претседателот Иванов одби да го прими, па неговото влијание изостана.

Мисијата на шведскиот и европски дипломат е кординирана со Маја Коцијанчич, односно Европската комисија и словенечкиот кадровик Самуел Жбогар, шефот на делегацијата на ЕУ во Скопје. Жбогар со голема леснотија при посетата на општина Неготино на 19 април зборуваше дека е дојдено времето да проработат институциите и да се воспостави единство. Она што Жбогар меѓутоа не го кажа е дали всушност е можно единство врз основа на документот кој практично предвидува преуредување на Македонија како држава на два народа, Македонците и Албанците и нејзина идна федерализација.

Таквата федерализација како што не учи балканското искуство е само преодна фаза која води кон распад на земјата.

Бриселските демократи и Соросовата мрежа во таа земја се однесуваат како да не го гледаат фактот дека соседна Албанија се поотворено го подржува проектот за создавање на Голема Албанија.

Како да Албанскиот претседател Еди Рама не дозволи поставување на знамето на „природна“ која е всушност Голема Албанија на зградата на резиденцијата и во повеќе наврати зборуваше за можно обединување на Албанија со Косово и Метохија.

Сепак упорноста на македонскиот народ и истражувањето на јавното мислење кое покажува пад на популарноста на партијата на Зоран Заев кој е спремен да направи компромис врз основа на „Тиранската платформа“, зборува дека има надеж за Македонија и Македонците. ЕУ не покажува единствен став за кризата во Македонија, а колку повеќе времето поминува, толку повеќе е помал просторот за создавање на некаква си гнила коалиција на власт која ја заговараат партијата на Зоран Заев заедно со албанските партии.

Арсеналот на совети и заканите од странските „добронамерници“ со самото тоа беспотребно се трошат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.