Вечерва дожд, за викенд сонце

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а долж Повардарието ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот од југозапад облачноста ќе се зголемува и ќе има врнежи од дожд. Во текот на ноќта врнежите ќе се прошират и во останатите подрачја.

Во сабота сѐ уште ќе има услови за слаб локален дожд, а од недела следува период на стабилно време со пораст на дневната температура.

Дожд нема да има ниту во понеделник, ниту во вторник.

oblacinja