Вечерва и утре очекувајте дожд

Вечерва и утре очекувајте дожд. Во текот на утрешниот ден времето ќе биде облачно со умерен, а повремено и пороен дожд особено попладне. Во пладневните часови денес ќе преовладува облачно време со сончеви периоди.

Попладне од запад ќе се прошири облачност, а кон крајот на денот и во ноќните часови ќе има нестабилна облачност проследена со поројни врнежи од дожд, грмежи и повремено засилен ветер. Локално се очакува да наврнат и над 25 л/м2 воден талог. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 27 степени, соопштуваат од УХМР.

Во Скопје ќе преовладува слично време, а температурата ќе се искачи до 26 степени.

Утре облачно со умерен, а повремено и пороен дожд

И во текот на утрешниот ден времето ќе биде облачно со умерен, а повремено и пороен дожд особено попладне.

Услови за нестабилност ќе има во источните делови од земјата.

Утре облачно со умерен, а повремено и пороен дожд
Утре облачно со умерен, а повремено и пороен дожд

Ќе дува умерен,  повремено засилен претежно југоисточен ветер. Потоа следува период на променливо облачно време, утрата ќе бидат свежи, а дневните температури ќе бидат во интервал од 18 до 26 степени.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.