Вечерва навиваме за Македонија: Дуелот на „црвената фурија“ и „црвено-жолтите“ започнува во 20:45 часот

фудбал

Селекторот Игор Ангеловски истакна дека верува во тимот и се надева на добра игра.

– Верувам во фудбалерите, ние имаме свои цели и се надевам дека по мечот тие ќе бидат остварени. Формациски нема да се менува ништо во нашата игра, но можни се неколку персонални измени, голман и уште две. Имаме можеби најмлада репрезентација, но тоа не ме плаши, верувам во младите и сигурно некој од нив ќе добие шанса. Во фудбалот битни се поединците, но најбитен е тимот, мора да играме тимски, само така можеме да им се спротивставиме на Шпанците. Можеби мал хендикеп за нив е што не играат некои од стандардните играчи, но тоа не мора да биде пресудно, бидејќи имаат широк избор на квалитетни фудбалери, истакна Ангеловски.

Натпреварот Шпанија – Македонија е во рамките на 4.коло од групата Г и ќе се игра вечерва од 20 часот и 45 минути на „Лос Карменес“ во Гранада. Во истиот термин од оваа група се среќаваат: Лихтенштајн – Италија и Албанија – Израел.

Табела по три рунди: Шпанија 7 бодови, Италија 7, Албанија 6, Израел 6, Македонија 0, Лихтенштајн 0.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.