Вечерва очекувајте поројни дождови

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, вечерва очекувајте поројни дождови.

Поројни врнежи од дожд се очекуваат во вечерните и ноќните часови. Исто така можна е појава на грмежи и засилен ветер. Локално се очекуваат поинтензивни процеси со обилен пороен дожд и можна појава на град.

Вечерва очекувајте поројни дождови
Вечерва очекувајте поројни дождови

Утринската температура ќе се движи од 11 до 18, а дневната од 22 до 27 степени. УВ индексот ќе има вредност 5.

Во Скопје слично време со температура од 13 до 26 степени.

 

Какво време ќе преовладува на Балканот во текот на оваа есен проследете на следниот линк.