Вечерва почнува „Пивофест”

Во Прилеп вечерва почнува 14-тото издание на Пивофест.

Според организаторите, годинава се очекуваат околу 400.000 гости.

Во четирите фестивалски денови, исполнети со многу пиво, вкусна скара и одлична забава.

На „Пивофест“ ќе има над 40 видови пиво, квалитетна скара и добра забава.

На гостите Прилеп им обезбеди околу 20.000 паркинг места, а штандовите ќе бидат поставени на булеварот во центарот на градот на 20.000 метри квадратни.

Во четирите фестивалски дена ќе настапат и познати македонски и балкански музички ѕвезди и групи, меѓу кои: Каролина Гочева, Миле Кузмановски, Хари Мата Хари, в сабота ќе настапи Аца Лукас, а в недела, на последниот ден на фестивалот гостите ќе ги забавува групата „Парни Ваљак“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.