И вечерва протест во Скопје за одлуката за аболиција

И вечерва протест во Скопје за одлуката за аболиција
И вечерва протест во Скопје за одлуката за аболиција

Поддржувачи на граѓанската иницијатива „Протестирам“ вечерва продолжија со протестите во Скопје преку кои бараат, како што велат, целосно укинување на одлуката за аболиција од претседателот Ѓорге Иванов и негова оставка.

Протестот, под мотото „Селективна правда е неправда!“ почна пред зградата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), каде демонстрантите се собираат за поддршка на работата на оваа институција. Продолжи кон Собранието на Република Македонија, а Триумфалната порта повторно беше обоена и покрај големото полициско обезбедување.

Демонстрантите протестират и против државните институции кои, како што велат, не работат по демократски принципи и начела, туку водејќи се од партиски и политички интереси и спроведуваат селективна правда.

Полицијата веќерва го приведе возачот на комбето на „шарената револуција“, односно пикапот со разглас од кој се пушташе музика и снимки од бомбите и кој ја предводеше колоната во текот на протестите. Според СВР Скопје, на раскрсницата кај градската болница и собранието приведен е 54 годишниот Н.П. и однесен е во полициската станица “Пролет” во Кисела Вода.

Настанот се случил по 20 часот кога протестот завршил, но по добивањето на информацијата за приведувањето, демонстрантите се упатија кон полициската станица во знак на поддршка за приведениот.