Вечерва уапсен Фејзи Азири обвинет за случајот „Монструм“

Фејзи Азири обвинет за случајот „Монструм“ кој беше осуден со правосилна судска пресуда на шест ипол години затвор за нелегално оружје, вечерва е уапсен на Клиниката за пулмологија и алергологија и ставен под полициски надзор дознава Алфа ТВ.

Штипскиот затвор уште на 28 февруари го известил Судот и Управата за санкции дека Азири е во бегство но неговото апсење се случи месец ипол покасно и тоа откако денеска под притуисиок на јавноста излезе информација дека бегалецот ниту некој го барал ниту пак Судот и Управата за санкции знаеле каде е.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.