Вечерва возете внимателно: Маглата ја намали видливоста на 50 метри

Вечерва возете внимателно: Маглата ја намали видливоста на 50 метри
Вечерва возете внимателно: Маглата ја намали видливоста на 50 метри
Поради појава на магла, видливоста во Маџари, Петровец, Катланово и Куманово е намалена на 50 до 100 метри.

Од Автомото сојузот на Македонија информираат дека сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и по наместа влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.