ВЕЧЕР: Еве ги парите за купување гласови во Теарце!

Синоќа околу 22.30 часот со сиво “Aуди” караван со регистарски таблички (DB-1107-AB) луѓе на СДСМ доставиле 500.000 евра во двете џамии во Теарце, пари наменети за поткупување на гласачи – дознава „Вечер” од извори во селото.

Полицијата во целиот период го следела настанот, но решила да не интервенира во џамиите затоа што тоа не го дозволувал министерот од СДСМ, Оливер Спасовски. По оставањето на парите, возилото било застанато од полицијата и бил извршен претрес, внатре биле присутни Петре Шилегов, Ѓулумсер Касипи, која е втора на пратеничката листа на СДСМ во шестка, нејзиниот син кој бил возач и уште едно лице од Дебар, кое според нашите информации, е финансиер на поткупувањето и човек близок до претседателот на албанската дијаспора, Муса Љамалари.

Кога биле фатени, лицата од СДСМ кои во Теарце донеле 500.000 евра за потплаќање, биле видно вознемирени и исплашени. Но немало пријави против нив, затоа што претходно интервенирал Спасовски, а парите веќе биле оставени во џамиите.

Според пишувањеот на „Вечер“,  и овој пат, луѓето од СДСМ целата операција за потплаќање ја воделе преку џамиите и оџите, до кои ги доставувале парите кои од нив биле делени до Албанците. Цената на еден глас е околу 1.500 евра, а истата сума им се нуди и на Македонци, потврдени гласачи на ВМРО-ДПМНЕ на кои им се нудат по 1.500 евра за да не излезат да гласаат и тоа по моделот на СДСМ познат од претходниот круг – им се даваат парите и им се одземаат личните документи за да не можат да го остварат гласачкото право.

Стратегијата на СДСМ била дека ако оваа сума не ги даде очекуваните резултати, таа ќе се покачи на 2.000 евра уште од вечерва, а до недела, дополнително ќе се зголемува. Во избирачкото место 2011 во Теарце, има и огромен дел на Турци и луѓе од мешани бракови, токму затоа луѓето на Заев и албанската мафија, одлучиле парите да ги делат преку оџите, а парите се делеле на цели семејства, за 20-30 луѓе се исплаќаат по 1.500 евра од глас од човек, значи овие, големи муслимански семејства ќе заработат и до 50.000 евра.

Како што пишува весникот, и Мухамед Зекери се активирал и контактирал со сите Албанци-бандити од Тетово кои ги повикувал да излезат на терен во Теарце, но до овој момент тие се уште се немаат појавено.
За вечерва се очекува и Зоран Заев да се појави во Теарце и да се обрати кај џамиите во периодот пред да настапи предизборниот молк.

СДСМ не ни кријат дека купуваат гласови. Активистот на СДСМ, Ивица Тодоровски, кој работи како обезбедување во Т-Мобиле, не ни крие дека партијата потплаќа пари на терен. Тој, на Фејсбук објавил фотографија со огромно снопче пари, наведувајќи дека е во Теарце. Според слободна проценка на големината на снопчето, внатре има околу 80.000 евра.

ivica1

ivica

Јас морам да бидам тука за секој случај – напишал Тодоровски, не криејќи дека неговата партија со овие пари потплаќа гласови во Теарце. Наместо да ги уапси, МВР им помага во криминалот. Со службено возило на Министерството за внатрешни работи, министерот Оливер Спасовски, веќе два дена е во кампања во Теарце. Фотографиите до кои стигнал „Вечер“ го покажуваат службениот „ленд ровер“ на Спасовски со кои на државна сметка, генералниот секретар на СДСМ си тера кампања за прегласувањето во Теарце.

Граѓаните кои ја доставија фотографијата од службеното возило на Спасовски, велат дека Македонците од Теарце се обединети и успеваат да ги блокираат сите обиди на СДСМ да го потплаќа населението.

Ова создава паника кај СДСМ, па сега не избираат средства и начин, затоа со државни пари прават се да направат фалсификат во Теарце – велат тие. Симптоматично е што наместо МВР да ги уапси оние што делат пари за гласови, министерството е заедно со нив во кампања, пишува „Вечер“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.