ВЕЧЕР: Пајташот на Заев инкасирал од струмичани 2,5 милиони евра за 3 години!

Математиката вели преку последниот тендер вреден близу 37 милиони денари со цената од 13 денари по која ЕЛЕМ го купува гасот, фирмата на функционерот на СДСМ, Андреевски, можела да купи над 2,8 милиони кубни метри гас. Кога сите тие би им ги продала на струмичани, фирмата Си-Ен-Џи на Андреевски би остварила чист профит од над 500.000 евра, пишува Вечер.

Во 2016 година = 600.000 евра, во 2013 година = 1.920.000 евра, а во 2011 година = нема податоци. Ова се парите кои партиската фирма на СДСМ – Си-Ен-Џи Системс ги добила од јавното претпријатие Струмица-гас, како ексклузивен добавувач за гас за Струмица. Вечер дојде до овие податоци пребарувајќи преку сите достапни бази на податоци на интернет.

Интересно е што општина Струмица досега направила само 3 набавки на гас преку 3 тендери. Во сите три случаи, тендерот го добила фирмата на функционерот од Бихаќка. Без тендерот во 2011, за помалку од 3 години, фирмата на Андреевски, од сметката на општина Струмица инкасирала, неверојатни 2,5 милиони евра, пари на граѓаните.

Од Струмица-гас, општинското претпријатие на градоначалникот Заев денеска потврдија дека сите тендери за набавка на гас, ги добила фирмата на претседателот на комисијата за енергетика на СДСМ, Митко Андреевски.

– Од почетокот на гасификација на градот Струмица во 2011 се спроведоа 3 јавни набавки за снабдување и транспорт на природен гас, на кои учествувале неколку фирми. Од 2012 фирмите Галилео СА и Си-ЕН-ЏИ имаат учествувано на тендерите за снабдување со гас и имаат доставено понуди кои беа прифатени според критериумите за јавна набавка. Вкупната сума која беше проектирана за набавка на гас, никогаш не беше исполнета, тврди Китанов во дописот до Вечер.

Во дописот насловен како демант до Вечер, Зоран Китанов, директор на Струмица-гас, тврди СИ-ЕН-Џи е избрана на меѓународен тендер, чиј оглас бил објавен и на електронската страна за јавни набавки и во гласилото на ЕУ-ТЕД (Тендерс Елецтрониц Даилѕ).

– Избрана е фирмата Галилео СА и нејзиниот овластен партнер во Република Македонија, фирмата СИ-ЕН-ЏИ системс, стои во дописот.

На овој европски билтен, не се појавува Струмица-гас, но се појавува струмичка комунална хигиена и СИ-ЕН-ЏИ.

Но, Китанов не посочува дека станува збор за судир на интереси, за злоупотреба на службена положба зошто е избрана токму партиската фирма со која раководи претседателот на комисијата за енергетика – Митко Андреевски. Тој потврди дека цената на гасот кој го набавуваат е над 24 мкд.

Последните податоци од ЕЛЕМ покажуваат дека оваа државна компанија која набавува гас за греење на скопјани, за истата количина од метар кубен плаќа 13 денари, што покажува дека фирмата на функционерот на СДСМ прави чист ќар од 11 денари по метар кубен.

-Математиката вели преку последниот тендер вреден близу 37 милиони денари со цената од 13 денари по која ЕЛЕМ го купува гасот, фирмата на функционерот на СДСМ, Андреевски, можела да купи над 2,8 милиони кубни метри гас. Кога сите тие би им ги продала на струмичани, фирмата Си-Ен-Џи на Андреевски би остварила чист профит од над 500.000 евра, пишува весникот.

Тендерските комбинации на Заев, неговите роднини и сопартијци не се ништо ново за струмичани. Медиумите ја објавија целата тендерска мрежа на струмичкиот градоначалник преку која, милиони евра пари на струмичани завршувале во фирмите на Вицето, но и таткото, чичкото, стрините и блиските пријатели на кланот Заеви.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.