Македонија

Вечер: Срѓа Поповиќ за 2 месеца трипати доаѓал во Скопје да ги менаџира прислушуваните разговори и протестите

Вечер: Срѓа Поповиќ за 2 месеца трипати доаѓал во Скопје да ги менаџира прислушуваните разговори и протестите

Директорот на агенцијата “Канвас“, Срѓа Поповиќ, во март и април годинава три пати дошол од Белград во Скопје за  да надгледува, управува и советува во процсот на објавуањето на прислушкуваните разговори но и да организира протести, објави “Вечер“.

Како што вчера објави Сител, Поповиќ и неговита банда експерти за организација на државни удари, во арапскиот свет се прогласени за терористичка организација, и се наоѓаат на црните листи заедно со Ал Каеда, Боко Харам и Муслиманско Братство.

Методите кои “Канвас“ ги користеше кога ги правеше превратите во Украина, Грузија, Египед, Либија и Малдиви може да се видат и во Македонија. Насилството врз полицијата кое изгледа идентично како она во Украина, иконографијата на протестите, планската психолошка војна во која граѓаните треба да го изгубат чувството на стабилност, се се ова методи извадени од книгите на Џин Шарп, по кои се гледа дека токму Канвас стои зад дестабилизацијата на Македонија.

Вечер објави дека, активностите на оваа група во Македонија почнуваат во 2009тата кога за прв во Охрид лично Поповиќ на активисти на Фондацијата Сорос им држел обука за организацирање на протести.

Подоцна преку организацијата “Форум“ на Ѓунер Исмаил и Сашо Орданоски која е главен експонент на Канвас во Македонија, обучените им држат обуки на нови активисти, прикриени зад називот на “Школа за активно граѓанство“.

Информациите до кои стигнал “Вечер“ велат дека во декември 2014 експертот за дрѓавни удари вработен во Канвас, Иван Маровиќ,  обучувал  одбрана група од дваесетина активисти на “Студентскиот Пленум“.

Идејата за создавање на најразличните пленуми кои на крај се приклучија на протестот на 17 мај, е токму на агенцијата Канвас. Освен кај пленумите, потписот на оваа организација може да се види и кај протестите за мартин Нешковски од 2011 и во протестите на стечајците и хонорарците.

Експертите велат дека по се изгледа протестот на 17 мај не беше организиран од СДСМ туку од оваа група. Кампувањето на опозционерите пред Владата е исто така една од тактиките тактиките кои “Канвас“ ги применува кога за милиони долари организира преврат во некоја држава.