„Вечер“: Терористите ги најавиле акциите на Фејсбук

Позадината на нападот на караулата и инфилтрацијата на терористите во Куманово открива внатреалбански конфликт чија цел е делегитимирање на ДУИ и наметнување на друга раководна структура во партијата, а дестабилизацијата на Македонија и евентуален нов Рамковен договор е планирана последица на тие активности. Сите безбедносни агенции во регионот, вклучувајќи ги и македонските, целосно потфрлиле во овој случај бидејќи се повеќе очиледни докази и информации кои излегоа на површина биле игнорирани, занемарени или пак чувани во тајност и не биле разменети, пишува Вечер.

fejsbuk

Терористичката група која беше елиминирана во Куманово со месеци ги планирала акциите во Македонија чија цел била дестабилизација на државата и делегитимирање на раководството на ДУИ и наметнување на свои луѓе внатре во партијата кои би биле поствени на нивни места, а би биле избрани од нив, односно од патрони во Косово. Водачите на групата, командниот кадар на поранешната 113 бригада, за своите планови отворено зборувале и на социјалната мрежа Фејсбук уште на почетокот на годинава.

Целиот текст можете да го прочитате овде.