Вечерва деветто коло на „Фискална во рака-Награди без мака“

Вечерва со директен пренос на МТВ1 ќе се одржи деветото извлекување од наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“, чиј приредувач е Државна лотарија на Македонија под покровителство на Министерство за финансии.

Еден автомобил, 30 вредносни ваучери од 3.000 до 60.000 денари и 120 вредносни ваучери за прехранбени продукти во вредност од по 1.000 денари ќе бидат наградите кои ќе се извлекуваат во ова коло.

Во извлекувањето учествуваат сите коверти испратени за деветото коло со сметки кои се валидни од најран датум 15.11.2013 година.

Досега од наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“ се доделија два стана, два деловни простори како и осум автомобили.

Покрај главните награди за претходните 8 извлекувања доделени се и 1.200 вредносни ваучери од 60.000 до 1.000 денари на добитници ширум Македонија.