Вечерва ќе бидат објавени прашањата за екстерното тестирање

Во 21 часот вечерва Министерството за образование и наука ќе ги објави прашањето за екстерното тестирање за учениците од основните и средните училишта.

Тестирањето ќе се одржи од 2-ри до 8-ми јуни, а ќе бидат тестирани вкупно 189.037 ученици од четврто одделение до трета година средно.

На интернет страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk ќе бидат јавно достапни вкупно 425.800 прашања од кои 221.900 на македонски и 203.900 на албански, турски и српски јазик

Министерството за образование и наука очекува дека претстојното екстерно тестирање ќе помине во најдобар ред.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.