Магазин

Вечерва ќе дознаеме кој ќе биде македонскиот претставник на Евровизија

Вечерва ќе дознаеме кој ќе биде македонскиот претставник на Евровизија

Популарниот музички фестивал Евровизија ќе го доживее своето 60-то јубилејно издание во Виена, Австрија, а Македонија вечерва ќе го добие својот евровизиски претставник.

Нашата земја во Европа ќе ја претставува вечерашниот победник на Скопскиот фестивал кој се одржува вечерва во „Метрополис Арена“ ќе биде каде во 20:30 часот ќе бидат отпеани 20 композиции, со директен пренос на Македонската телевизија.

Ова се изведувачите кои ќе се обидат да ги добијат симпатиите на публиката. Лена Златкова, Тања Царовска, Даниел Кајмакоски, Вера Јанковиќ, потоа дуетот Ристо Самарџиев и Влатко Илиевски, Евгенија Чанчалова Еги, Александра Михова. Потоа има уште еден дует, а тоа е Лидија Кочовска со Маријан Стојановски, потоа Јоце Панов и повторно два дуети, Сања Керкез со Горан Наумовски и Тони Михајловски со Александар Тарабунов. По нив настапува Александра Јанева, Мијата, Тамара Тодевска, Сања Ѓошевска, Наде Талевска, Викторија Лоба, Верица Пандиловска, Нина Јанева, а како последен настапува Димитар Андоновски.

Начинот на гласање е идентичен со евровизискиот модел, односно по системот на телефонско гласање и оценување од страна на меѓународно стручно жири од седум европски радиодифузни сервиси во сооднос 50-50. Најдобрите три композиции ќе добијат и парични награди.

Првото место покрај тоа што ќе ја има честа да ја претставува Македонија на Евровизија, ќе добие и 20.000 евра, 15.000 за второ и 10.000 за трето место.