Вечерва ќе горат бадникарски огнови

Како и секоја година, по повод утрешното празнување на Бадник, верниците во сите населени места вечерва палат бадникарски дрва.

Општина Карпош традиционално организира прослава со палење Бадников оган спроти празнувањето на Бадник и Божик. Општината обезбедила 70 метри кубни дрва за сите месни заеднци при општината чии куќни советi доставиле барања за дрва за бадникарски огнови.

Централната манифестација на палење оган ќе се одржи кај Спортско-рекреативниот центар Влае 2 со почеток во 19 часот. Таа ќе биде збогатена со културно-уметничка програма, а ќе се служат и топли пијаlaci и посна храна согласно со православните обичаи.

Традиционално палење на бадникарски оган ќе се одржи и во населбата Маџари во општина Гази Баба, во дворот на црквата Св. Кузман и Дамјан. Претходно во црквата свештеници на МПЦ-ОА ќе одржат божествена литургија. На манифестацијата, која ќе почне во 19:30 најавено е присуство на градоначалникот и претседателот на Општина Гази Баба Тони Трајковски и Милан Андоновски.

Но, и во секое село, секое маало вечерва ќе горат бадникарски огнови. Соседите се собираат, повикуваат и поп, а среќникот на кого ќе му се падне парчичката ќе биде кум идната година. А во раните утрински часови, коледарите ќе запеаат пред вратите, а ранобудните домаќинки ќе ги даруваат во костени, јаболки, бонбони и парички.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.