Вечерва концерт посветен на Тоше, „Пееме до ѕвездите“

Детскиот хор „Ѕвончиња“ вечер во салата на клавирите во битолскиот Завод и музеј ќе го одржи својот традиционален концерт „Пееме до ѕвездите“, посветен на Тоше Проески.

Средствата од третиот хуманитарен концерт ќе бидат наменети за набавка на медицински апарати за болните дечиња кои се сместени во Домот за доенчиња и деца без родители во Битола.

Покрај хорот „Ѕвончиња“, на концертот ќе настапи и вокалната група „Мелодиум“, под раководство на Марина Коруновска, професор по соло пеење во Музичкото училиште Битола.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.