Спорт

Вечерва натпреварот кој го чека цел свет

Вечерва натпреварот кој го чека цел свет

Во шпанската Примера вечерва од 21 часот ќе се игра големото дерби меѓу Барселона и Реал Мадрид, средба од чиј исход во голема мера ќе зависи освојувачот на шампионскиот трофеј.

„Ел Класико“ ќе се игра на „Ноу Камп“ во ситуација кога домаќинот Барселона има еден бод предност на табелата пред Реал Мадрид и амбиција да се реваншира за поразот во Мадрид во првиот дел од првенството.

Освен големото дерби неделната програма во Примера ги нуди и дуелите: Ла Коруња – Еспањол, Виљареал – Севиља и Сосиедад – Кордоба.

На завршените натпревари од 28.рунда: Елче – Валенсија 0:4, Атлетико Мадрид – Хетафе 2:0, Рајо Ваљекано – Малага 1:0, Леванте – Селта Виго 0:1, Атлетик Билбао – Алмерија 2:1 и Гранада – Еибар 0:0.

Табела: Барселона 65 бодови, Реал Мадрид 64, Валенсија 60, Атлетико Мадрид 59, Севиља 52, Виљареал 49,…