Македонија

Вечерва очекувајте снег

Вечерва очекувајте снег

Студено време со врнежи од дожд и снег на планините се очекува денеска во вечерните и ноќните часови. Пообилни врнежи ќе има во југоисточните и источните делови од земјата каде локално ќе наврнат над 25 литри на метар квадратен.

На планините над 1.000 метри ќе има снежна покривка, особено во западните делови од државата. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од североисточен правец.

Максималната температура ќе се движи од шест до 12 степени.

Според Управата за хидрометеролошки работи, утре ќе дува умерен до засилен северен ветер, а воздушниот притисок значително ќе расте за 10 до 12 мерни единици, а од недела ќе преовладува стабилно и суво време со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе бидат под нулата.