Вечерва последната „Супер месечин“ годинава

Второто и последно за оваа година целосно затемнување на Месечината ќе се случи вечерва. Се очекува тоа да биде придружено и со т.н. „супер месечина“.

Очекувањата се дека месечината ќе изгледа за 5.3% поголема во однос на последниот сличен настан на 15 април годинава. Причината е дека тоа се случува два дена по перигеја на месечината, односно поминување низ најблиската точка до Земјата.

НАСА проценува дека затемнувањето нема да е видливо за цела Европа и Африка, како и на Блискиот Исток. Во Средна и Западна Азија и поголемиот дел од Австралија затемнувањето ќе биде видливо при зголемувањето на Месечината. Во западните и централните делови на Северна Америка и низ Јужна Америка феноменот ќе е видлив пред заоѓањето на Месечината.

Во останатите региони во светот, вклучувајќи ги источниот дел на Северна Америка, крајните западни делови на Азија, Јапонија, Западна Австралија и Нов Зеланд, затемнувањето ќе може да се гледа цело време.

Две полни Месечеви еклипси не очекуваат и следната година, од кои едното ќе биде целосно затемнување на Сонцето и едно делумно.