„Вечна куќа“ и официјално ќе го одбележи почетокот на работата на новиот театар

„Во таа пиеса главниот простор го има куќата која во оваа претстава на свој начин ја симболизира Македонија, која, пак, се претвора во центар во кој ќе се сондира секоја куќа во светот. Тоа е приказна за една жена која 60 години секој ден носела ливче на Ѕидот на плачот, барајќи да и биде вратена куќата. Но, кога девојката со сто клуча ќе влезе во куќата, од секоја соба излегува нов сопственик, кој тврди дека има непобитни докази дека таа е негова. Тоа е клучната тема на Македонија, но и на целиот свет“, вели Плевнеш.

За режисерот Пројковски, главниот лик во претставата Стела Бенвениста доаѓа од Ерусалим во Скопје и со тие сто клуча отворајќи ги собите, го отвора своето срце и тука почнува да патува и да ги бара одговорите на сите прашања, да ја отвори темата за Бог, за семејството, за човечкиот живот.

Новиот театар, кој што е лоциран на левиот брег од реката Вардар, е изграден врз темелите на стариот театар кој што се урна во земјотресот во 1963 година.

Позициониран е на вкупна површина од 7.200 квадратни метри, а аудиториумот на објектот е поделен на голема сала со партер и две галерии со вкупно 724 седишта, како и мала сала со 213 седишта. Сценската технологија и механика, како и целокупната сценска површина се од модуларен тип со дупло дно. Во системите на сценските технологии е вградена опрема од најпознати врвни светски производители за ваков тип опрема и објекти, која овозможува големи технички перформанси.

Покрај основната функција на објектот, театарот сам по себе претставува и музеј со оглед дека преку темите на орнаментиката која ги краси ложите во внатрешноста е претставен дел од богатото македонско културно наследство, а посетителите можат да се запознаат со историјата на театарот на овие простори. Однадвор театарот го задржува својот автентичен изглед, а има и посебно осветлување (илуминација) на партерот, како и на целиот објект со што се истакнуваат неговите визури.

Со изградбата на „Стариот театар“, Македонија за првпат добива современ театарски простор во кој ќе се негуваат уметноста и културата и ќе се реализираат содржини од сценско-уметничките дејности со високи технички перформанси.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.