Македонија

Веднаш по Божик Собранието продолжува со работа

Веднаш по Божик Собранието продолжува со работа
Во Собранието денеска седници на четири собраниски комисии

Веднаш по Божик, Собранието на Република Македонија ќе продолжи со работа. Првата закажана активност на Собранието на Република Македонија оваа година е на 8 јануари, кога седници треба да одржат комисиите за образование и наука, за труд и социјална политика, за земјоделство, шумарство и водостопанство и Законодавно-правната комисија. 

На 9 јануари членовите на Комисијата за уставни прашања ќе ги разгледуваат осумте Предлог – амандмани на Уставот, што Владата ги достави до нив на крајот на минатиот месец.

Првата седница за 2015 година е закажана на 13 јануари, додека на седницата за уставните амандмани е закажана за 20 декември.