недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 52

Ведро и многу студено за новогодишната ноќ

За новогодишната ноќ времето ќе биде ведро и многу студено. Минималната температура ќе се движи од -16 до - 8 степени, а максималната дневна на првиот ден од новата година ќе биде во интервал од -2 до 5 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

ведро

Поврзани вести

Од утре поради продор на многу студена воздушна маса од север ќе преовладува променливо облачно, студено и ветровито време.

Во западните и северните делови утре ќе има врнежи кои во пониските подрачја ќе бидат од дожд, а на планините од снег и таму ќе се формира снежна покривка. Попладне снег ќе има и на повисоките места на запад, а врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет.

Во среда и во четврток ќе провејува слаб снег и ќе дува силен северен ветер, особено на планините, повремено со брзина околу 100 км/час. Дневната температура значително ќе опадне и најниска ќе биде во четврток и во петок кога ќе достигне од -7 до 2 степена.

За време на викендот времето ќе биде сончево.

Најчитани вести