Ведро време со температура од два до осум степени

Времето во Македонија ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус 10 до минус два, а дневната од два до осум степени.

Во Скопје времето во текот на денот ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус осум, а дневната ќе достигне до четири степени.

Во наредните денови ќе преовладува претежно стабилно време со негативни утрински температури, а дневните температури ќе бидат во пораст.