Вегетаријански ручек – плескавици од печурки

Сигурно често пати немате идеја што да подготвите за ручек.

Овој вкусен и лесен вегетаријански рецепт за плескавица од печурки за половина час е готов и претставува хранлив и здрав оброк кој може да го послужите со компири, свежа салата и сос по желба.

Подготовка:

Кромидот се сече на коцки и пржи во маслиново масло. Додајте ги печурките и динстајте додека водата не испари. Во меѓувреме додадете зачини по желба.

Во печурките се додава овес и презла и се зачининува и соли по желба.

Помешајте ги состојките, па додајте го ренданиот кашкавал, а подоцна и јајцата.

Мешајте додека не добиете густа, леплива смеса. Ставете малку масло на рацете, направете плескавици и пржете ги на маслиново масло.

Се служи во чинија, со свежа салата или во хамбургер лепче.

Ова се потребните состојки за подготовка:

4 лажици маслиново масло
500 грама свежи сечкани печурки
1 мал кромид
180 грама мелен овес
125 грама рендан кашкавал
200 грама презла
2 јајца
Сол, бибер и зачин по желба

Бон апетит!