„Веибо груп“ наместо 4000 ќе вработи 5600 лица

Веибо групацијата ќе вработи 5600 лица во Македонија, иако првичната најава беше дека ќе вработат 4000 лица.

-Една од компаниите кои својата инвестиција во Македонија ја најави пред изборите во Македонија, почнува од месец декември. Веибо груп го зголеми бројот на отворени работни места и не информираа дека не 4000 како што најавија, туку ќе вработат 5600 лица. Тоа се 1600 повеќе директни вработувања во само една фабрика, истакна премиерот Никола Груевски, во интервјуто за телевизија Сител.

Тој додаде дека голем број на компании се пред финална одлука да инвестираат во Македонија, а веќе многу компании најавиле инвестиции. Се очекува од новите инвестиции кои доаѓаат да бидат вработени вкупно 13.000 граѓани