Македонија,Економија

„Веибо“ ќе отвори фабрика во Ранковци

„Веибо“ ќе отвори фабрика во Ранковци

Жителите на Ранковце, Крива Паланка, Куманово, Кратово ќе го почувствуваат бенефитот од новата инвестиција на групацијата „Веибо“, најави денеска премиерот Никола Груевски.

Според планот, проектите се изградба се скоро готови и се очекува компанијата да започне со изградба на фабриките кон крајот на годината. Фабриките ќе се градат најмногу една ипол година.

„Компанијата „Веибо“ планира изградба на текстилна фабрика која ќе биде исклучиво за машка конфекција, како и изградба на фабрика од челичната индустрија за изградба на челични конструкции за згради. Планираат фабриките да ги изградата во североисточниот дел на државата, да бидат во близина на неколку градови од каде ќе може да се земе работна сила“, рече Груевски.

Според планот во текот на следните четири до пет години компанијата планира да вработи 5 илјади лица.

„Ова ќе биде одлична можност за вработување на жителите од североистокот на Македонија. Освен текстилни работници, ќе бидат потребни и лица од други професии како инженери, економисти, правници…“, додаде премиерот.

„Веибо“, досега текстилни фабрики има отворено во Кина, Турција и Камбоџа, а Македонија е нивната четврта дестинација. Оваа компанија досега има вработено 14.400 лица во 2.900 продавници.