Македонија

Вељаноски во посета на Албанија на покана на неговиот албански колега

Вељаноски во посета на Албанија на покана на неговиот албански колега

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, денеска престојува во официјална посета на Албанија, на покана на својот албански колега, Илир Мета.

Во рамки на посетата, Вељаноски ќе се сретне и со претседателот на Албанија, Бујар Нишани и со премиерот Еди Рама.
Спикерот Вељаноски денеска, ќе се обрати пред пратениците на Собранието на Албанија на свечена седница.