Велбек пресреќен поради отказот за Мојс

Близок извор до таборот на Манчестер Јунајтед потврди дека младиот напаѓач, Дани Велбек, експресно го има повлечено барањето да биде продаден за време на летниот преоден рок откако ја слушнал информацијата дека клубот и официјално ја има прекинато соработката со сега веќе поранешниот менаџер на “црвените ѓаволи”, Дејвид Мојс.

“Велбек пред неколку дена имаше состанок со клупските челници со цел да ги информира дека не може и не сака повеќе да соработува со Дејвид Мојс и дека сака да биде продаден за време на летниот преоден рок. Клупските челници само му кажаа дека ќе го разгледаат неговото барање за неколку дена, но ситуацијата доби сосема поинаков тек со отказот кој го доби Дејвид Мојс. Велбек сега сака да остане на “Олд Трафорд” и сака да се избори за место во првиот тим”, изјави анонимниот извор.

Челниците на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем покажаа најголем интерес за услугите на Велбек, а беа убедени дека неговиот потпис може да биде осигуран и со понуда не помала од 15 милиони фунти.