Велес помеѓу 7.000 градови во светот каде еден час се исклучи освелувањето

Во рамките на светската волонтерска кација „Час за спас на планетата Земја”, во саботата во Велес се затемни и Малото мовче и споменикот на Гемиџиите.

Во овие 60 минути околу седум илјади градови од 163 земји меѓу кои и Велес, затемнија дел од нивните простори. Целта беше да се подигне свеста кај граѓаните за зачувување на животната средина и борба против климатските промени.

Организатори на акцијата беа членовите на еко-клубот при хемиското училиште „Димитрија Чуповски”, а поддршка дадоа и градоначалникот Славчо Чадиев, претседателот на Советот Александар Колев, директорите на неколку училишта од градот, актерите Зоран Љутков и Весна Димитрова – Бобевски, групата Соната, Мики Секуловски, Панче Ќумбев и уште неколку здруженија на граѓани и поединци од Велес.