Велешанец фатил крадец додека му го „обработувал“ станот

Велешанец го фатил крадецот додека му го „обработувал“ станот.

Како што информира МВР, вчера во периодот од 13,00 до 14,50 часот во Велес,  во стан, сопственост на Д.Т.(43), непознат сторител со подесен клуч ја отворил цилиндар бравата од влезната врата, влегол внатре, извршил пребарување во плакарот од спалната соба, а од масата од дневната соба земал лап топ „Ацер“ кој го ставил во торба со намера да го одземе.

Околу 14.50 часот кога оштетениот дошол до влезната врата од станот и се обидел да ја отвори, лицето кое било внатре го повлекол, го испрскал со спреј солзавец во пределот на лицето и го  турнал, а потоа избегал во непознат правец.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.