Велешанец фрлил бомба во базен

Вистинска драма се одвивала во текот на вчерашниот ден во Велес. Во СВР Велес 43-годишниот А.М. инаку сопственик на базен, се јавил во полиција и пријавил дека истиот ден околу 01 часот и 20 минути, непознато лице фрлило непозната експлозивна направа која предизвикала силна детонација во базенот. Извршен е увид при што пронајдените делови од експлозивната направа ќе бидат испратени на вештачење во МВР.

По преземени мерки било утврдено дека на додека сопственикот седел на базенот во друштво со пријатели, му пристапил И.В. од Велес кој му упатил сериозни закани дека истиот имал две бомби и дека ќе ги фрли во базенот. Откако И.В. бил предупреден од пријавителот да прастане со заканите и да си замине, истиот се повлекол кон шанкот и продолжил повторно да се заканува.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.