Велешанец прободен со нож

Велешанец бил прободен со нож вчера во зграда во Велес, информираше МВР.

Според полицијата, инцидентот се случил околу 22.05 часот во ходник од станбена зграда на улицата Васил Главинов. Тогаш З.A. (30) од Велес со нож го пробол П.Н. (36) ,при што му нанел убодна рана во пределот под градниот кош. Повредениот П.Н. бил пренесен во Медицински центар Велес и по укажаната лекарска помош бил препратен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“  во Скопје.

Полицијата го привела З.А., кој е задржан во СВР Велес. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.