Велешанец пукал кон поранешната девојка пред нејзиното малолетното дете

Дваесет и осум годишниот М.Д. од Велес вчера вечерта дошол во домот каде што престојувала неговата поранешна девојка  Ѓ. Д. (37) по што од над регалот од дневната соба зел претходно оставена воздушна пушка марка „ИЖ- 38“.

-Во присуство на нејзиното малолетно дете почнал да и упатува закани дека ќе ја убие удирајќи со пушката по масата, потоа ја вперил кон неа и испукал еден проектил и истиот ја промашил и завршил во регалот. Потоа со пушката ја удрил во пределот на главата по што го напуштил местото на настанот, информираат од полицијата.

Околу половина час по полноќ М.Д. е повикан во полициска станица каде бил извршен разговор со него, по што е ослободен, а воздушната пушка била одземена со потврда за одземени предмети.

Од полицијата информираат дека преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.