четврток, 19 јануари 2017  |  Вести денес: 50

Велешанец украл над 2, 5 милиони денари од банкомат

Велешанец украл над 2, 5 милиони денари од банкомат. Тешката кражба била пријавена во велешката полиција утрово во 04,30 часот. Парите биле украдени од сеф од банкомат сопственост на Комерцијална банка.

bankomat

Последни вести

Велешанец украл над 2, 5 милиони денари од банкомат. Тешката кражба била пријавена во велешката полиција утрово во 04,30 часот. Парите биле украдени од сеф од банкомат сопственост на Комерцијална банка.

Како што информира Анита Стојковска портпарол на СВР Велес, било пријавено дека непознат сторител со употреба на сила и подесен алат насилно ја отворил влезната врата од трговски објект лоциран на улица „Благој Ѓорев“ бр.96 во Велес.

Тој влегол внатре и со употреба на сила и подесен алат делувал на вратата од сефот од банкоматот сопственост на Комерцијална банка и одзел три касети во кои според пријавата од Комерцијална банка, имало 2 милиони и 530 илјади и 500 денари.

Стојковска посочи дека полицијата извршила увид на лице место и се превземаат мерки за расветлување на случајот.

Најчитани вести