петок, 26 мај 2017  |  Вести денес: 28

Велешанец во потрага по забава, освои 1.403.882 денари

Најновиот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ чек, вреден 1.403.822 денари го подигна од А. С од Велес. Со ова ја заработи својата влезница и влезе во клубот милионери на Државна Видеолотарија на РМ. Својата среќна добивка ја освои на 02.02.17 кај деловниот соработник на ДВЛМ, Спортлаиф Трејд во Велес.

џек

Поврзани вести

МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивките не стивнуваат. 29та од нив  е освоена во Спортлајф Треид во Велес на втори февруари оваа година. А. С од Велес стана милионер . Тој во присуство на своето семејство, пристигна во просториите на ДВЛМ да го подигне својот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ чек кој гласи на добитната сума 1.403. 882 денари. Насмеан, ни откри дека редовно се забавува на видеолотариските терминали.

Постојано добивал поситни добивки на кои секогаш им се радувал. Големата добивка со милионски износ, ја посакувал, но сметал дека нема среќа да ја освои. Ни откри дека е голем љубител на вина, па дури и самиот произведува вино. Среќниот ден, додава, како нешто да го натерало да влезе и да игра на видеолотариските терминали. Интуицијата не го излажала. Тој стана среќен милионер.

Нема план како ќе ги троши парите во детали, но сигурен е дека тоа ќе биде за неговото семејство кое го поддржува во се.

Само за потсетување, добивките ЏЕК ПОТ, Државна Видеолотарија на РМ ги стартуваше на 1ви јунимината година. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. МИНИ ЏЕК ПОТ добивките се во вредност од 5 илјади до 10 илјади денари, додека најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка е вредна од 1.200.000,00 до 1.800.000,00 денари. Досега под мотото Играј за забава, освоени се29Милионер Џек Пот добивки во вкупен износ од 42.394.619денари. Покрај нив, освоени се и 3841Мини Џек Пот добивка во вкупен износ од 28.858.170 денари.

Најчитани вести