понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 0

Велешанец во притвор за криумчарење мигранти

kamion-migranti

Поврзани вести

Кривична пријава и 30-дневен притвор заработи Г.Т.(34) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

Како што информира МВР, вчера во 05,30 часот на магистралниот пат Удово-Скопје кај местото викано „Аразлиска река“ од страна на полициски службеници било сопрено патничко возило „Опел Вектра“ управувано од пријавениот во кое при извршен претрес се пронајдени 13 мигранти.

Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Најчитани вести