Велешани задоволни од рестартирањето на „Порцеланка“

Велешани се задоволни од потпишаниот договор за рестартирање на „Порцеланка“. Инвестицијата е вредна околу 31 милион евра, а планирани се 1.000 нови вработувања што ќе бидат реализирани низ повеќегодишен план, пишува „Курир“.

Вчера беше потпишан договор за реализација на инвестиција во која ќе биде рестартирана поранешна „Порцеланка“ од страна на владата на Република Македонија и индиската групација БРГ .

Групацијата БРГ во рестартираната поранешна фабрика „Порцеланка“ ќе изработува производи од челик и кујнски прибор од нерѓосувачки челик. Компанијата има шест фабрики со 13 илјади вработени и претставништва во повеќе светски метрополи. Годишниот обврт на компанијата изнесува 500 милиони евра.

Велешани не го кријат задоволството од реалзиираната инвестиција. Велат дека рестартирањето на „Порцеланка“ значи многу за градот во кој индустријата пропадна поради затворањето на многу фабрики во минатото, а сега се прават напори за отворање на нови. Во дел од своите изјави велешани велат:

velesanec-1

Многу ќе значи. Нека се врати Велес во тоа време кога имаше многу фабрики и работници, да гледаме полни автобуси да одат на работа, тоа ќе биде најубаво и најсреќен ќе биде градот.

Ова е добра работа, многу ќе значи. Градот, како што знаете, индустријата пропадна. Сега ова е ново на ново. Не се 1000 вработувања, имате погрешна математика. По 4 ќе помножите, значи 4.000 фамилии ќе јадат, не една илјада. Добро е, нека оди вака. Програмата на Владата е супер, поготово за децава.

Многу голема работа. Јас сум невработен, ви кажувам дека тоа многу ќе значи за Велес.

velesanec-2

Ќе се подобри финансиската состојба на луѓето и ќе има повеќе вработени.

Па, тоа е многу убаво за Велес. Груевски работи стварно неуморно. Ако го испуштиме Груевски, не правиме ништо. Тоа се ќе остане како што е започнато за правење и така ќе остане ако дојде СДСМ на власт.

Многу нешто ќе значи. Затворија толку фабрики, сега нова се отвора….

Инаку, клучната одлука за инвестирање е донесена минатата година при посетата на владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски на индискиот град Калкута и седиштето на компанија БРГ, посета која впрочем беше дек од роуд-шоуто за привлекување на инвестиции во Индија.

gruevski-sredbi1-500

Се сретнавме со компанија од областа на металната индустрија, а покрај изработката на метални профили тие имаат и фабрика за изработка на различни метални производи за кујни, така што разговаравме за можноста да инвестираат во Македонија да отворат свој капацитет за европскиот пазар од каде што ќе произведуваат и извезуваат низ цела Европа. Со нив ќе имаме уште средби и ќе разговараме за повеќе детали, изјави тогаш премиерот Груевски.

Директорот на локалната компанија „М Скуаре“, Бандари, вчера посочи дека одлуката за инвестирање во Македонија се должи на бизнис форумот и посетата на премиерот Груевски на Калкута на почетокот на минатата година.

Нашата фабрика во Велес којашто се наоѓа во просториите на поранешна Порцеланка ќе го фокусира своето производство главно на производи од челик коишто ќе се продаваат на пазарите во Европа, Северна Африка и на Блискиот Исток. Ќе вложиме напори да постигнеме успех во нашата фабрика во Велес со што ќе го направиме повторно центар на квалитетни производи, рече Бандари.

Посочи дека локацијата била избрана најмногу поради инфраструктурата и понудената работна сила.